Фудбалер прволигаш избоден и фрлен во шума!

Голманот на кенискиот прволигаш КЦБ, Брајан Опијо Оланго, бил киднапиран и избоден, јавуваат локалните медиуми!

За среќа, чуварот на мрежата е пронајден, иако нема детали за тоа кога и како, но на се’ претходела неколкудневна драма во главниот град на Кенија, Најроби.

Оланго беше замена на натпреварот од Кениската Премиер лига во петокот и исчезна во саботата навечер откако и кажа на сопругата дека ќе се сретне со пријателите.

Веста за исчезнувањето се рашири два дена подоцна, а клубот и семејството апелираа секој што има каква било информација да излезе.

Пронајден е во вторник, но не во најдобра состојба! Како што потврди неговиот постар брат Кевин, тој бил киднапиран од тројца мажи, двајца Кенијци и еден Нигериец. Го ставиле во автомобил, му го земале телефонот, му ја исчистиле банкарската сметка и го однеле во шума!

За среќа, пред да му го земат телефонот, ја известил сопругата дека е во животна опасност, па полицијата потоа го следела тој телефон, но не го нашла веднаш бидејќи киднаперите го исклучиле уредот.

Од семејството не побарале ниту откуп, ниту нешто.

Брајан се здоби со расекотина на левата надколеница, има повреди на десното рамо и главата и беше примен во болница за да му бидат направени тестови.