ЧУДНА СИТУАЦИЈА- Го собори рекордот на 60 метри, па се повреди додека ја славеше победата (ВИДЕО)

0

Израел Олатунде викендов го собори ирскиот рекорд на 60 метри, а овој успех го прослави на необичен начин, по што дури и се повреди.

Спринтерот со африканско потекло, ја освои титулата шампион на Ирска со 6,57 секунди, што е за четири стотинки подобро од сега веќе поранешниот рекорд на Пол Хесион (Хесион).

Имено, Израел Олатунде викендов го собори ирскиот рекорд во трката на 60 метри, а овој успех го прослави на необичен начин, по што дури и се повреди.

Откако го виде резултатот на семафорот, Олатунде полуде од среќа и продолжи да трча во спротивен правец, раширувајќи ги рацете на победнички начин.

Во еден момент ја зграпчи ногата и со болна гримаса падна на патеката. Сепак, медиумите по натпреварот пишуваа дека повредата не е од сериозна природа.