Шеик му подготви богатство на Новак: Ќе заработува двојно повеќе од освојувањето на Грен слем

0

Од Саудиска Арабија пристигна најава за голем тениски спектакл наречен „Слем на шест кралеви“, а веќе се зборува за наградниот фонд на турнирот.

Како што е најавено, на овој престижен турнир треба да настапат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

Како што дознава британски „The Telegraph“, секој учесник треба да добие чек од 1,5 милиони долари, додека победникот би бил побогат за дури шест милиони долари.

Што значи дека Новак Ѓоковиќ би можел да заработи речиси двојно повеќе отколку да го освои УС Опен, чиј фонд е три милиони долари.

Кралското семејство на Саудиска Арабија ќе биде во Ријад и се очекува да ги наполни трибините за тенискиот спектакл.

Овој турнир ќе се организира во средината на АТП сезоната, но датумот се уште не е познат. Најавено е дека тоа ќе биде во октомври, веројатно меѓу Мастерсот во Шангај и Париз.

Исто така, останува да се разјасни во каков формат ќе изгледа натпреварот.