Шест нови еколошки автобуси за Скопје, најави министерот Меџити

Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето кои денеска ги најави министерот за животна средина, Изет Меџити. Тој посочи дека проблемот не може да се реши само со една мерка, туку на него треба да се работи во контимуитет.

„Работиме Град Скопје да добие шест еколошки автобуси. Мислам дека со проширувањето на централното греење, а во иднина и со гасификацијата на целата држава, полека но сигурно ќе го решиме проблемот со аерозагадувањето “, рече Меџити.