„ШТО ПРАВИ АМЕРИКАНСКИОТ НОСАЧ НА АВИОНИ ВО ИЗРАЕЛ? Ердоган бесен на Вашингтон: Конфликтот ќе ескалира (ВИДЕО)

Ердоган рече и дека распоредувањето на американскиот носач на авиони во источниот Медитеран отвора прашања за целта на тој потег.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Анкара стравува дека палестинско-израелскиот конфликт може да ескалира и дека нема брзо да заврши.

– Нашата загриженост за ова е многу, многу голема. Не сум сигурен дека сето ова ќе заврши за една или две недели. Бараме решенија за посредување за да го запреме тоа што се случува – рече тој.

Ердоган рече и дека распоредувањето на американскиот носач на авиони во источниот Медитеран отвора прашања за целта на тој потег.

– САД го испраќаат својот носач на авиони во Израел. Имам прашање, што прави американски носач на авиони во Израел? Ќе учествуваат во многу сериозни масакри, ќе ја погодат Газа со бродови и авиони – истакна тој на конференцијата со австрискиот канцелар Карл Нојхамер.

Претходно, шефот на Пентагон, Лојд Остин , изјави дека САД, поради ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт, испраќаат ударна група предводена од носачот „Џералд Форд“ во источното Средоземно Море и ги зајакнуваат воздухопловните единици во регионот.

Покрај самиот носач на авиони, ударната група на носачот вклучува ракетен крстосувач и четири разурнувачи кои носат оружје за наведување проектили.