Ѓорческа во три сета обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Србија

0

 Победа од 2-1 во сетови (3-6, 6-2, 6-3) забележа денеска најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во дуелот од третото коло на фјучерсот во Куршумлијска бања против домашната тенисерка Миа Ристиќ од Србија.

За триумфот над 17-годишната српска тенисерка на Ѓорческа ѝ беа потребни еден час и 46 минути.

Во утрешното четвртфинале макеоднската тенисерка ќе игра против Французинката Лоа Буасон, која денеска ја победи Ника Радишич од Словенија со 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

Буасон (20) е рангирана на 427. место на ВТА листата, а на турнирот во Куршумлијска бања играше и квалификации