Граѓаните на Русија остануваат без најпопуларните холивудски филмови во кино салите! Повеќе продукциски куќи ја суспендираа работата во Москва!
Продукциската компанија „Волт Дизни“ минатиот ден соопшти дека ги прекинува прикажувањето филмови во Русија, вклучително и претстојната анимација на „Пиксар“ – „Црвената панда“ (Turning Red). Како причина ја наведоа „неиспровоцираната инвазија на Украина и трагичната хуманитарна криза“.
„Ќе носиме идни деловни одлуки врз основа на состојбата што е во развој. Во меѓувреме, со оглед на размерите на новонастанатата бегалска криза, работиме со нашите партнери од невладини организации за да обезбедиме здавствена и друга хуманитарна помош“, се вели во соопштението.
Како што се наведува, „Дизни“ е првото големо холивудско студио кое ги прекина киноприкажувањата во Русија како одговор на инвазијата на Украина.
Украинската филмска академија изминатиот викенд почна интернет-петиција со која повикува на меѓународен бојкот на руската филмска индустрија.