Со оваа ракета Владимир Путин ги започна ударите на Украина: Развиена е во 2015 година и користена е во Сирија (видео)
Едно од првите оружја со кои рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата специјална воена акција или т.н. инвазијата на Украина беше со крстаречката ракета „3М14 Калибр“ (SS-N-30A), која својата борбена премиера ја имаше на крајот на септември 2015 година за време на нападот врз Исламската држава во Сирија.
„Калибр 3М14“ е напредна верзија на ракетата 3М-14Е „КLUB“. Досегот на оваа рекате, кој може да се лансира од воени бродови и подморници, е 2.500 километри. Ракетата е развиена од конструкторското биро „Novator“.
„Калибр 3М14“, кој може да биде опремен со конвенционална или нуклеарна боева глава со тежина од 450 килограми, има можност да лета на надморска височина од 20 метри на море и 50 на копно.
Ракетата има стартен мотор на течно гориво и маршевски мотор на цврсто гориво. Ракетата се раководи од системот TERCOM, а точноста зависи од сателитски систем за наведување GLONASS. Максималното отстапување од целта е 3 метри.
Лансирањето на овој тип ракети од поморски платформи е вертикално од лансерот, со тоа што лансирањето од подморници се врши со помош на компримиран воздух, а потоа се активира маршевскиот мотор, за разлика од површинските и копнените ласери.
Ракетата „Калибр“ во моментов може да се користи на подморниците „Кило“, „Лада“, „Акула“, „Јасен“, „Бореј“ и на воените бродови „Адмирал Горшков“, „Адмирал Григорович“, „Чита“, „Гремјашчи“, „Стерегушчи“ и „Бујан-М“.
Ракетите од овој тип се користат во нападите врз Украина, особено за уништување на цели од високо значење.