Претставници од институциите, од Управата за заштита на културно наследство, координаторот на проектот Гоце Наумов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Битола ќе информираат за големото отворање на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“, што ќе се одржи на 31 март во Чикаго, Соединети Американски Држави.
Како што соопштија од Министерството за култура, станува збор за најголема изложба на балканската предисторија во светот, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион, во која покрај дваесетина балкански музеи вклучени се и Заводот и музеј – Битола, Музејот во Гевгелија и Заводот и музеј – Прилеп.
Изложбата, која е составена од македонски и од балкански археолошки предмети, во Чикаго ќе трае до крајот на годинава, а потоа турнејата продолжува во Историскиот музеј на Канада во Гатино-Отава. Претходно, изложбата беше претставена во Институтот за древни студии во Њујорк.
Гостувањето на изложбата „Првите кралеви на Европа“ во периодот од 2022 до 2024 година е во организација на Филдовиот музеј од Чикаго