Авионот се урна на автопат: Падна врз автомобил и мотор, најмалку 10 мртви (ВИДЕО)

Авионот удрил во автомобил и мотоцикл

Најмалку 10 лица загинаа денеска откако мал авион се урна на автопат во малезиската држава Селангор, северно од Куала Лумпур.

Во несреќата, освен шесте патници од авионот и двајца членови на екипажот, загинале мотоциклистот и возачот на автомобилот во кој паднал авионот.

Според Управата за цивилно воздухопловство на Малезија, авионот со шест патници и двајца членови на екипажот се урнал по полетувањето од меѓународниот аеродром на туристичкиот остров Лангкави на пат кон аеродромот Султан Абдул Азиз Шах во градот Субанг. 

Во соопштението се наведува дека контролната кула во Субанг забележала чад од местото на несреќата, но дека од авионот не бил упатен повик за помош.

Авионот удрил во автомобил и мотоцикл.

– Форензичкиот персонал ги собира посмртните останки за постморт и процес на идентификација – изјави началникот на полицијата во Селангор, Хусаин Омар Кан, додавајќи дека Министерството за транспорт ќе спроведе истрага.