ВИДЕО | Безбедносна камера снимила страшен момент во теретана: Машина за вежбање тешка 150 килограми паднала врз човек, а тој сега има само 1% шанса за повторно да прооди, погледнете!

Маж од Бразил се здобил со тешки повреди откако машина за вежбање му паднала на вратот во теретана.

Вознемирувачкиот момент го снимила камерата, а медиумите пренесуваат дека шансата повторно да прооди овој човек е само еден процент.

Реџиланио да Силва (42 г.) седнал на клупата за време на тренингот за кратко да одмори кога машина од 150 килограми тежина му паднала на вратот во петокот во салата во градот Јузаиро до Норте во Бразил.

На видеото се гледа како тројца мажи брзо се упатуваат кон него и повикуваат на помош. На таткото на три деца му била извршена операција од четири часа за да го стабилизира вратот, а докторите наведуваат дека неговата состојба е стабилна, но дека нема подвижност во нозете.