АВТОМОБИЛ УДРИЛ ВО КУЌА: Необичаена сообраќајка во Нови Пазар! Возачот е пренесен во болница (ФОТО)

Невообичаена сообраќајна несреќа се случила на улицата „Сава Ковачевица“ во Нови Пазар кога возачот на „рено клио“ изгубил контрола , излетал од патот и удрил во покривот на куќа која се наоѓала во непосредна близина на патот.

Сообраќајна несреќа, Нови Пазар

– На возачот веднаш му е укажана лекарска помош и е пренесен во Општата болница во Нови Пазар, за среќа покрај него немало други тешко повредени, се надеваме дека брзо ќе закрепне – изјавија за РИНУ мештаните кои ја видоа целата серија на настани.

Причинета е огромна материјална штета на автомобилот, но и на куќата во која удрил возачот.

На местото на настанот излегле припадници на сообраќајната полиција кои извршиле увид, а според првите информации, главната причина за оваа несреќа е непрописната брзина на движење.