СТАМПЕДО ДОВЕДЕ ДО ТРАГЕДИЈА: 12 мртви на отворањето на Игрите (ВИДЕО)

Околу 50.000 луѓе се обидоа да влезат на стадионот.

Главниот град на Мадагаскар, Атананариво, е домаќин на Игрите во Индискиот Океан, но отворањето се претвори во трагедија бидејќи стампедо остави 12 мртви и 80 повредени.

Како што пренесува „Ројтерс“, до трагедијата дошло кога публиката се обидела да влезе на свеченото отворање. Наводно, околу 50.000 луѓе се обиделе да влезат на стадионот Бареа кога настанала паника и брзање што довело до смрт на 12 лица, што го потврдил и претседателот на Мадагаскар Андри Рајоелина кој присуствувал на отворањето на Игрите.

 – Трагичниот настан се случи бидејќи имало туркање. На влезот има мртви и повредени – рече тој.

Овој натпревар се закажува на секои четири години на различни острови од југозападниот дел на Индискиот Океан и се одржува во изминатите четири децении, а според програмот требаше да трае до 3 септември.