Лукашенко откри што му кажал на Пригожин: Претседателот на Белорусија го предупредил шефот на „Вагнер“

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека го предупредил шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин дека му се заканува обид за убиство.

– Последниот пат кога полетавме за Емиратите, добив многу сериозни информации за обидот за атентат врз Евгениј Пригожин. За два часа го пронајдоа рускиот амбасадор во Емиратите и го повикаа кај мене – рекол Лукашенко, пренесува агенцијата „Белта“.

Како што вели, на рускиот амбасадор му пренел шифрирана порака што ја испратил до Кремљ до Владимир Путин и шефот на ФСБ Александар Бортников „за обидот за атентат врз Пригожин“. 

Тој додаде дека по извесно време шефот на „Вагнер“ му потврдил дека претседателот на Русија го предупредил за претстојниот обид за атентат.

Лукашенко истакна дека белоруската страна, на нејзина територија,исполни се што му ветила на „Вагнер“ и „повеќе“

.- Вчера, по моја наредба, беа контактирани од КГБ, а од мене добија само една порака: Ќе исполниме се што се договоривме со Пригожин – изјавил белорускиот претседател.