Агелер: Не знам дали ќе има нови имиња на црната листа, но прозивките ќе продолжат

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер во интервјуто за ТВ 24 зборуваше и за црната листа на САД за македонски политичари и бизнисмени и дека најпоставувано прашање и било дали годинава на неа ќе се најдат нови имиња.

– Не знам дали ќе има нови имиња на црната листа пред мај, но постојат шанси да има. Голем број на имиња се разгледуваа и прозивките ќе продолжат. – рече Агелер.