Скопје денеска повторно е меѓу најзагадените градови во светот

Скопје денеска повторно е меѓу најзагадените градови во светот со индекс на квалитет на воздухот 162.

Според Ај Кју Ер, загаденоста на воздухот во главниот град во моментов е штетна по здравјето на граѓаните и Скопје е на 5-то место.

Концентрацијата на ПМ2,5 честичките во Скопје во моментов е 15,4 пати поголема од годишната вредност на упатствата за квалитет на воздухот на СЗО.

Прв на листата утрово беше главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со индекс на квалитет на воздухот 212.

Пред неколку дена во извештајот на ЈЗУ беше објавено дека во Северна Македонија годишно умираат над 3.800 луѓе како последица на загадениот воздух.