Адеми: “Eнергијата е основа на сoциоекономсиот развој и стабилност“

Вјолца Адеми, член на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК) денеска учествуваше на седницата на Комисијата за економски, трговски и финансиски прашања, која се одржа онлајн, како член на Комисијата.

Комисијата, како што информира собраниската прес-служба, расправаше за Предлог-извештајот „Улогата на парламентите во подобрувањето на енергетската безбедност во земјите-членки на БСЕК“. Овој предлог-извештај беше претставен од страна на Вјолца Адеми, во својство на известувач по оваа точка на дневниот ред.

Адеми во нејзиното излагање рече дека енергијата е основа на сoциоекономсиот развој и стабилност, како и важен предуслов за постоењето на луѓето. Енергетската безбедност, продолжи таа, имплицираат економски, социјални, политички промени и вештачки и природни опасности, кои се нераскинливо испреплетени.

Пратеничката Адеми потенцираше дека во рамки на ПАБСЕК е неопходно да се прошири дијалогот меѓу земјите извозници, увозници и транзитни земји за да се зајакнат добрососедските односи и да се спречи можна злоупотреба на енергетските пазари.

На седницата, членовите на Комисијата расправаа и за енергетската оптимизација, за активностите на БСЕК, како и го избра Олександар Мариковски од Делегацијата на Украина за претседател на Комисијата“, се вели во соопштението.