Адријана Лима облече најгламурозен фустан! Нејзиниот стајлинг во Кан ги подели мислењата – за некои беше ,,врв” а за други ,,блам” (фото)

На фестивалот во Кан пристигна и Адријана Лима! Славната Бразилка долги години е гостинка на овој настан, а од година во година нè изненадува со впечатливи, интересни изданија.

На премиерата на филмот „Indiana Jones and the Dial of Destiny“, Лима дефинитивно го украде шоуто во фустан кој сигурно ќе ги подели мислењата.

Манекенката со месеци се соочува со гласни критики за нејзиниот изглед. Иако не помина ни година дена од нејзиното трето породување, дел од јавноста и’ замери што Адријана не ја довела до совршенство својата линија.

Таа самата се осврна на критиките, пишувајќи на Инстаграм дека го прифаќа нејзиниот „преоден“ изглед и сака да ја покажува својата мајчинска сензуалност. Но, оваа вечер на фестивалот во Кан покажа дека е на чекор од идеалната тежина и дека апсолутно се врати во форма.

Познатата 41-годишна девојка блесна во впечатлива креација на австралиската дизајнерка Тамара Ралф, поранешна основач на брендот Ralph&Russo. Станува збор за свечена, долга црна тоалета од кадифен што го истакнува занесното деколте на Адријана, а огромната, жолта машна на грбот ја издвојува од толпата.

Машната која се спушта од рамењата – токму овој детаљ го направил фустанот малку помпезен и го претворил од класичен во авангарден. Лима го комплетираше изгледот со дискретни, дијамантски обетки и светкава нараквица, а косата ја врза во елегантен реп.