Во Турција се одбележува 19 мај – Денот на младината и спортот

 На 19. мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ, и ги постави темелите на денешна Република Турција.

Турција денес со низа манифестации го одбележува 19. мај – Денот на младината и спортот што воедно е и ден на сеќавање на Мустафа Кемал Ататурк, првиот претседател на модерна Турција.

Планирани се низа манифестации во текот на денот, како и полагање на цвеќе на спомен обележјата.

Инаку, 19. мај 1919 година Мустафа Кемал Ататурк ја започна борбата за независност на својот народ, и ги постави темелите на денешна Република Турција. Поради тоа, 19. мај е исклучително важен празник за Турција.

Денот на младината и спортот се одбележува со низа манифестации и другите земји од светот во кои живее турско население.