Ако вашето дете ги прави овие работи, не грижете се: ова се карактеристиките на емоционално интелигентните деца

Емоционалната интелигенција е способност за препознавање, разбирање, изразување и управување со сопствените емоции. Со оглед на тоа дека тоа може да биде тешко и за возрасните, многу родители се изненадени кога сфаќаат колку нивните деца се способни да развијат емоционална интелигенција уште од мали нозе.

Психологот Лиза Фајрстоун објаснува дека постојат одредени знаци кои јасно укажуваат дека детето е емоционално интелигентно. Според неа, постојат неколку работи кои ги прават речиси сите деца со развиена емоционална интелигенција.

Плачење

Иако звучи необично, детето кое се чувствува безбедно плачејќи пред родителите или другите, всушност не се плаши да ги изрази своите емоции, што е еден од главните знаци на емоционалната интелигенција.

Развиена емпатија

Детето кое е емоционално интелигентно има способност да сочувствува со другите или да ги препознае нивните чувства. Ако детето е особено чувствително, може да покаже тага ако види дека другарчето во градинка или училиште е тажно и често знае да ги утеши своите врсници кога се чувствуваат лошо, објаснува таа.

Отворен однос со родителите

Детето кое секогаш зборува за своите проблеми, чувства и работи кои го мачат има развиена емоционална интелигенција, а во исто време е поспособно да се справи со предизвиците што ги носи растењето.

Љубопитност

Иако секое дете е љубопитно до одреден степен, детето со развиена емоционална интелигенција е отворено и заинтересирано за работите што се случуваат околу него. Исто така, овие деца имаат силна желба за учење, па обично се многу успешни на училиште или имаат многу хоби.