АКО ГО СЛУШНЕТЕ ОВОЈ БРОЈ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТОТ, ПОЧНЕТЕ ДА СЕ ГРИЖИТЕ! Персоналот од авионот го користи само во ЕДЕН случај
За време на летот на авионот има бројни шифри што ги користи персоналот во случај на итност.
Летањето со авион може да биде непријатно искуство. Силните турбуленции не се единственото нешто што може да ви приреди непријатно изненадување, а според Дејли Телеграф, персоналот има куп тајни шифри кои ги користат за меѓусебна комуникација за да не предизвикаат паника меѓу патниците.
Шифра „7500“
Покрај очигледните, како што е шифрата „мајдеј“, која укажува дека авионот е во непосредна опасност, постои и шифрата „пан-пан“ што значи дека нешто се скршило. Исто така, некои од шифрите се бројки наместо зборови, а оној што навистина не сакате да го слушнете на летот е „7500“ бидејќи се користи во случај на киднапирање.
Се разбира, ако се наоѓате во киднапиран авион, има големи шанси да знаете за тоа пред да слушнете какво било спомнување на кодот, кој всушност треба да ги предупреди другите авиони и контролата на летање за опасноста.
Тајни кодови
Покрај тоа, тука е и шифрата „7700“ која е општ сигнал за итни случаи, додека шифрата „7600“ ја користи пилотот за да сигнализира дека изгубил контакт со кулата.
Патем, ако сте на аеродром и слушнете како некој ги кажува зборовите „Шифра Адам“, тоа значи дека детето е изгубено на аеродром.