ГОЛЕМО ОТКРИТИЕ НА ЈАПОНСКИ НАУЧНИЦИ – Успешно тестирале лек кој поттикнува раст на нови заби: “Останува само уште еден чекор“

Тим јапонски научници се подготвува за клинички испитувања на лек кој наводно ќе го стимулира растот на новите заби!

Фармацевтската компанија „Торенгем Биофарма“, финансирана од Универзитетот во Кјото, успешно го тестираше револуционерниот лек на глувци во 2018 година кога тој предизвикаа раст на нови заби кај овие глодари.

Повеќето луѓе, објаснуваат научниците, покрај млечните и трајните заби имаат таканаречени забни пупки кои имаат потенцијал да станат нови заби, но обично не се развиваат и на крајот исчезнуваат.

Тим научници создадоа лек базиран на антитела кои го инхибираат протеинот за да го потиснат растот на забите. Лекот го стимулира растот на забните пупки.

Тие успешно го тестирале лекот на глувци, кои исто така имаат млечни и трајни заби слични на луѓето. Клиничките тестови на луѓе ќе започнат во јули 2024 година, додека една година подоцна лекот ќе се тестира на деца на возраст од 2 до 6 години кои боледуваат од анодонција.

Научниците се надеваат дека во блиска иднина, лекот може да се користи за стимулирање на раст на нови заби кај луѓето кои ги изгубиле забите поради различни дефекти.

Забите кои недостасуваат во текот на развојот на децата можат да влијаат на развојот на вилицата. Се надеваме дека нашиот лек ќе биде клучот за решавање на тој проблем“, изјави основачот на компанијата и прв човек на стоматолошката хирургија во болницата Китано во Осака, Кацу Такахаши.