„Ако е потребно, ќе се бориме за неа“ Пригожин вети: Од нив ќе направиме втора најдобра војска во светот!

Шефот на паравоената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ги поздрави своите борци во Белорусија, велејќи дека тие ќе ја направат белоруската армија втора најдобра во светот.

– Ако има потреба, ќе се бориме за тоа – рекол Пригожин во видеото објавено на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека борците на Вагнер ќе останат во Белорусија уште некое време.

Зборувајќи за ситуацијата во Украина, Пригожин рече дека ова е „срам” во кој „Вагнер“ не треба да учествува.