Сергеј најпрвин ја силувал, ја полил со киселина и ја фрлил на шините! Пред да почине девојчето, на полицијата успеало да им открие важни информации (фото)

Неодамна во градот Перм, Русија се случи страотно и шокантно злосторство.

Жртвата била петнаесетгодишно девојче Јарослава Шикова. За жал, таа почина десет дена откако беше пронајдена на пругата, но сè уште беше жива во моментот на нејзиното пронаоѓање. Истрагата откри дека 16-годишниот Сергеј Минјажев е осомничен дека ја силувал девојката, по што брутално ја нападнал, а потоа ја фрлил на шините. Сè уште се истражуваат можните улоги на уште две лица во ова злосторство.

Телото на девојчето го пронашол друг машиновозач кој веднаш повикал помош. Тој опишал ужасна сцена:

Девојката била гола, облеана во крв, а целата глава и’ била повредена од удар на шините. Забележал и дека девојката има течност на телото која е каустична за нејзината кожа. Се испостави дека оваа течност е всушност киселина, веројатно користена за покривање на биолошките траги на напаѓачите. Девојчето имало изгореници по целото тело, рацете и нозете, а кожата и се лупела кога ја носеле на носилки.

Според информациите, девојката тој кобен ден се вратила од роденденската забава, а подоцна поради некоја причина излегла од куќата низ прозорецот од својата соба, а нејзините родители не биле свесни за нејзиното заминување. Оваа ужасна трагедија ја потресе локалната заедница и предизвика шок и згрозување низ целата земја.

Полицијата брзо постапила по информациите што девојката можела да ги даде пред смртта и го уапсила осомничениот Сергеј Минјажев. Истрагата сè уште трае за да се утврдат сите околности и дали постои можна поврзаност на други лица со ова страшно злосторство.