Ако пилотот ја каже оваа бројка за време на летот, тоа значи дека сте во голема опасност

Персоналот на летот често користи шифри, за да не предизвика паника кај патниците, а бројот „7500“ всушност укажува на киднапирање.

Колку и да е погодно, летањето може да биде и непријатно искуство. Силните турбуленции не се единственото нешто што може да ве изненади.

Персоналот има еден куп тајни шифри кои ги користат кога комуницираат, за да не предизвикаат паника кај патниците.
Шифра „7500“

Покрај очигледните, како што е шифрата „мајдеј“ (анг. „помош“), што укажува дека авионот е во непосредна опасност, постои и шифрата „пан-пан“ што значи дека нешто се скршило. Исто така, некои од шифрите се бројки, а не зборови, а оној што навистина не сакате да го слушнете на летот е „7500“, бидејќи се користи во случај на киднапирање.

Се разбира, ако се наоѓате во киднапиран авион, има големи шанси да знаете за тоа пред да слушнете какво било спомнување на кодот, кој всушност треба да ги предупреди другите авиони и контролата на летање за опасноста.

Тајни кодови

Покрај тоа, тука е и шифрата „7700“ која е општ сигнал за итни случаи, додека со помош на шифрата „7600“ пилотот сигнализира дека изгубил контакт со кулата.

Патем, ако сте на аеродром и слушнете како некој ги кажува зборовите „Code Adam“, тоа значи дека детето е изгубено на аеродром.