Алармантни резултати: Дебелите деца двапати почесто страдаат од оваа болест

Дебелите деца може да бидат изложени на поголем ризик да им биде дијагностицирана мултиплекс склероза (МС) во раната зрелост.

„Нашите наоди покажуваат дека дебелината кај децата го зголемува ризикот од оваа болест за повеќе од два пати“, се загрижени научниците.

Мултиплекс склероза може да влијае на мозокот и ‘рбетниот мозок, предизвикувајќи низа симптоми, вклучувајќи проблеми со видот, движењата на рацете или нозете и рамнотежата. Тоа вклучува доживотна состојба која понекогаш може да предизвика сериозна попреченост.

Дебелината кај децата повеќе од двојно ги зголемува шансите за развој на МС, велат научниците од Институтот во Стокхолм. Истражувачите вклучени во новата студија се обидоа да го проценат ризикот од развој на мултиплекс склероза кај голема група дебели деца во споредба со општата популација.

„Еден од ефектите на дебелината во детството е тоа што предизвикува благо, но хронично воспаление, а ова воспаление го зголемува ризикот од развој на неколку болести, вклучително и мултиплекс склероза“, велат авторите на студијата, професорката Емилија Хагман и професорот Клод Маркус. објави Гардијан.

Беше нагласено дека во просек МС се дијагностицира околу 23-годишна возраст.

Научниците ги анализирале податоците од шведскиот регистар за третман на детска дебелина, а базата на податоци позната како „Борис“ е еден од најголемите светски регистри за третман на дебелина кај децата. Истражувачкиот тим ги прегледа податоците за деца на возраст меѓу две и 19 години кои се вклучиле во регистарот помеѓу 1995 и 2020 година и ги спореди нивните податоци со оние на децата од општата популација. Студијата опфатила податоци за повеќе од 21.600 дебели деца, кои почнале да ја третираат дебелината кога имале просечни 11 години, и повеќе од 100.000 деца кои не биле дебели. Децата биле следени шест години.