Еве кој е мистериозниот маж во ложата на Новак: Експерт од Бугарија му помага на Србинот на Вимблдон!

Многумина се запрашаа кој е човекот кој седи до Јелена Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ денес игра во финалето на Вимблдон и ќе се бори за својата 24 грен слем титула.

Она што на многумина им падна во очи е сликата во ложата на Новак Ѓоковиќ, на некои од предходните натпревари на турнирот, каде овојпат има и лица кои не и се познати на јавноста.

Една од нив е русокосата жена која вообичаено седи покрај Јелена Ѓоковиќ, но има и човек кој фановите на Новак досега не го виделе.

Тоа е човекот кој седи до Јелена, од нејзината лева страна, во маица во кремаста боја.

До него е докторот од Австралија, Стивен Санис Сашјан, кој му помагаше на Новак за време на Австралија опен, како и на Ролан Гарос. Тој е киропрактичар по применета кинезиологија, кој му помогна на Новак во текот на јануари во Мелбурн, српскиот тенисер да ја освои титулата на Австралија Опен.

Како што се дознава, се работи за фитнес експерт, чие име е Климент, а доаѓа од Бугарија.

Ѓоковиќ повремено соработува со него, а очигледно е воспоставена некаква соработка за овогодинешниот Вимблдон.