Најмалку 75 крокодили избегале од фарма во Маоминг поради поплави во југозападна Кина, објавија кинеските медиуми.
Според извештаите, избегале 69 возрасни крокодили и шест помали , поради што е издадено предупредување за жителите на Маоминг, јавуваат агенциите.
Жителите беа предупредени да останат дома.
Некои животни оттогаш се фатени, но процесот на пронаоѓање на другите би можел да биде долг.
Маоминг, во западната провинција Гуангдонг, е дом на некои од најголемите фарми за крокодили во Кина. Овие влекачи се одгледуваат поради нивната кожа и месо.