Алармантно! Пожари беснеат во Македонија, хеликоптери на сите страни! Голем пожар во близина на автопатот, авиони прелетуваат и го гаснат пожарот

Голем пожар избувна во близина на автопатот „Пријателство“ меѓу Градско и Дамир Капија, а авионот на ДЗС „ер трактор“ го гасне пожарот, со помош на копнени сили.

Гори и таканаречената Гоцева шума кај Неготино, пожарникарите се на терен, а пожарот се со авион од Дирекцијата за заштита и спасување, а подготвени се и хеликоптери на МВР, изјави Горан Стојанов градоначалникот на Неготино.

Во секој момент авионот на Управата за заштита и спасување ќе замине на интервенција.

– Авион на ДЗС во секој момент ќе лета во таканаречената борова шума. Гоцева шума во непосредна близина на Неготино каде моментално гори силен пожар, силниот ветер го отежнува воспоставувањето контрола над пожарот – вели Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.