Украина: Деветмина повредени во руски ракетен напад на Днепар

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека девет лица се повредени во рускиот ракетен напад на градот Днепар.

Во соопштението на украинското Министерство се наведува дека Русија извршила ракетен напад врз градот Днепар.

Украинското МВР наведе дека руските проектили погодиле зграда во која живееле цивилите, информирајќи дека „во нападот се повредени девет лица. Меѓу нив има деца на 14 и 17 години“.

Во продолжение се додава дека на местото на настанот дошол градоначалникот на Днепар.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својот пост на социјалната мрежа Телеграм објави:

„Русија со проектили погоди една висококатница и зградата на Службата за безбедност на Украина. Ова е терористички напад на Русија со проектил. Имав итни средби со шефовите на Службата за безбедност, Министерството за внатрешни работи, Службата за итни случаи и Регионалната воена управа. На терен се наоѓаат потребните тимови. Ги спроведуваат потребните активности, им помагаме на загрозените. Ја држиме ситуацијата под контрола. Ќе дадеме сѐ од себе да ја казниме Русија за нападот и теророт врз нашиот народ. Тоа ќе биде низок одговор. Ќе дадеме сѐ од себе за правдата.“