“АЛАРМ“ ВО БАЊА ЛУКА – Педофил кој малтретирал деца побегнал низ прозорецот на судот откако бил осуден на затвор: “Ја нападна полицијата и побегна…“

Ивица М. од Какањ, обвинет за тешка злоупотреба на деца, денес по изречената пресуда побегнал од просториите на Основниот суд во Бања Лука.

Оваа информација за N1 ја потврдил директорот на правосудната полиција на Република СрпскаЖељко Драгојевиќ, кој истакнал дека се се случило денес околу 14 часот и 30 минути откако на обвинетиот му била изречена казна за педофилија и откако бил однесен во притвор.

Сите расположливи сили на правосудната полиција се на терен, како и припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Српска“, изјавил Жељко Драгојевиќ.

Како што дознава N1, осудениот ја удрил судската полицајка и избегал низ судскиот прозорец.