АЛАРМ ВО БЕРЛИН! Лавица снимена како брка дива свиња, полицијата ги предупредува луѓето да не излегуваат на улица, ПОТРАГАТА Е ВО ТЕК (ВИДЕО)

Во јужниот и југозападниот дел на Берлин денес е во тек голема потрага по диво животно, најверојатно побегната лавица, соопштија локалните власти, апелирајќи до жителите во областа да не ги напуштаат своите домови.

– Дивото животно може да биде лавица – објави берлинската полиција на Твитер и додаде дека предупредувањето се однесува на јужниот и југозападниот дел на главниот град на Германија и неговата периферија.

Од полицијата додаваат дека тревогата е издадена во текот на ноќта, а животното за кое било пријавено дека не избегало од зоолошката градина или циркус, се уште не е пронајдено.

Околу полноќ добивме порака од двајца минувачи кои виделе диво животно како брка друго – соопшти полицијата.

Берлинската полиција навела дека минувачите ги снимиле животните и дека едната од нив е дива свиња, а другата најверојатно лавица.