АЛАРМ НА НЕБОТО НАД БЕЛОРУСИЈА – Хеликоптер на Полска го нарушил воздушниот простор, официјален Минкс со остра реакција

Граничната служба на Белорусија претходниот ден соопшти дека хеликоптер од типот Mi-24 од Полска ја преминал границата на екстремно мала надморска височина пред да се сврти и врати назад.

Официјална Варшава денес целосно го негираше ова.

Министерството за надворешни работи на Белорусија го повика полскиот дипломат на разговор и побара истрага.

Побаравме соодветни објаснувања од полска страна и спроведување на детална истрага за инцидентот“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Белорусија.