ФОТО+ВИДЕО | СУПЕРТАЈФУНОТ НАПРАВИ ХАОС ВО КИНА – На Интернет објавена драматична снимка од Хонг Конг: Девојка завршила на земја поради јачината на ветерот – погледнете

Во Хонг Конг, најмалку 55 лица завршија во болниците во саботата поради повреди предизвикани од тајфунот Саола.

Властите на Хонг Конг во саботата наутро известија дека околу 500 жители побарале засолниште во итни засолништа поради невремето.

Властите во Хонг Конг, исто така, пријавија соборени дрвја и поплави.

Во петокот вечерта, тајфунот Саола стигна до брегот на јужна Кина и Хонг Конг, носејќи силен дожд и силен ветер.

Кинеската метеоролошка служба предупреди дека Саола може да стане најсилниот тајфун во регионот од 1949 година.

Сите училишта и градинки во Хонг Конг се затворени од петокот навечер. Повеќето летови исто така se откажани. До саботата наутро, ситуацијата во финансиската метропола на Кина донекаде се смири. 

На социјалните мрежи се споделува видео од девојка која бурниот ветер ја фрли на подот на улиците на Хонг Конг.

Сепак, локалната метеоролошка служба ја повика јавноста да остане внимателна.

Саола е деветти тајфун во регионот оваа година.

Силните циклони се повторуваат во текот на летните месеци и погодуваат бројни земји во Југоисточна Азија.

слика
Последиците од супер тајфунот во Хонг Конг
слика
Последиците од супер тајфунот во Хонг Конг
слика
Последиците од супер тајфунот во Хонг Конг