Адвокатот на Палчо нема да оди во затвор: Нови детали за случајот што го потресе целиот Балкан

Откако беше објавено дека Палевски е првоосомничен за убиството на Вања и Жежовски, адвокатот рече дека не ги знае тие информации и дека Палевски му рекол дека треба да оди на лекар во Белград, но дека нема автомобил

Основното јавно обвинителство не побара притвор за адвокатот Васко Стојков, кој го однесе во Србија Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот за убиството на Вања и Панче Жежовски. За него засега не се побарани безбедносни мерки.

„За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, испратено е известување до ОЈО Скопје. Државниот обвинител оцени дека во овој момент нема законски основи за предлагање мерки за безбедност, туку проверките на неговата евентуална вмешаност во кривично-правниот настан продолжуваат“, соопшти обвинителството.

Откако беше објавено дека Палевски е првоосомничен за убиството на Вања и Жежовски, адвокатот рече дека не ги знае тие информации и дека Палевски му рекол дека треба да оди на лекар во Белград, но нема автомобил.