Албанската пејачка го понижи Ѓоковиќ: Со своето срамно однесување предизвика гнев кај народот! (фото/видео)

Најпопуларниот и најуспешен Србин на денешницата Новак Ѓоковиќ е омилен спортист на многумина кој со задоволство се гледа и прифаќа каде и да се појави. Но, има и такви кои токму поради овој успех, не можат да го ппднесат и на секој начин се обидуваат да го дискредитираат со своите срамни постапки.

Штотуку опишаната ситуација се случи на социјалната мрежа ТикТок, кога албанската пејачка Рита Ора, мислејќи дека некому му е забавна, со една постапка се обиде да го испровоцира Новак, не сфаќајќи дека ќе си навлече бес на себе поради срамната постапка.

Еве за што всушност се работи.

Планетарно популарната ѕвезда е активна на социјалните мрежи и изгледа ја обожава публиката, но со нејзиниот потег предизвика гнев кај народот.

Пејачката долго време работеше на нов проект, па вчера објави нов албум, а кога сакаше да го промовира, реши да позира пред билбордот со кој го најавува ова достигнување. Тука настана главниот „проблем“.

Имено, билбордот беше заменет со различни реклами, сè додека не се појави онаа што ја чекаше пејачката, а една од нив беше реклама со ликот нa најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Кога се појавила неговата фотографија, русокосата пејачка погледнала во билбордот, ги превртела очите и мавтала со раката, а кога се појавила нејзината слика повторно се насмевнала.

Веруваме дека нејзиното видео било од хумористичен карактер, но луѓето во коментарите веднаш бурно реагирале со остри коментари.

– ,,Ноле е крал”, ,,Еден е Ноле”, ,,Прво Ноле, а потоа сè останато” – само дел од коментарите што останаа под споменатата објава беа луѓе, а пејачката секако беше изненадена, бидејќи не очекуваше вакви реакции… Или можеби очекуваше?