АЛБАНСКИ БОКСЕР УБИЕН ВО ГЕРМАНИЈА! Морничава САЧЕКУША: Застрелан додека излегувал од ресторан!

Ужас во Германија! Албанскиот боксер Бесар Нимани е убиен во саботата вечерта во Билефелд, јавуваат германските медиуми.

Страшната вест ја потврдија членовите на семејството на албанскиот спортист.

Според очевидци, 38-годишен маж бил застрелан додека го напуштал ресторанот. Како што пренесува „Билд“, смртта на боксерот била констатирана на лице место.

Напаѓачот се уште е во бегство.

Да потсетиме, Нимани во својата боксерска кариера се натпреварувал во супер велтер категорија. Во кариерата имал 27 натпревари, а забележа 26 победи и еден пораз. Не бил активен од 2019 година.