Александар се опијанал, паднал во шахта и исчезнал пред 15 години: Семејството мислеше дека умрел, следеше шокантен пресврт на настаните! Блогерот му го најде семејство
Необична приказна е снимена во градот Толјати, во областа Самара, а таа раскажува за бездомникот Александар.
„Човекот крт“, како што го нарекуваат медиумите, го забележал рускиот блогер Антон Глечеров, кој решил да го дознае неговото минато и да му помогне.
Блогерот истакна дека Александар не мириса на алкохол, туку дека зборува полека, како да преживеал мозочен удар.
Неговиот соговорник објаснил дека пред 15 години пијан паднал во шахта, а претходно сопругата се развела од него.
Бидејќи немал каде да живее, останал во канализацијата, па блогерот решил да му го побара семејството.
Потоа открил дека Александар има блиски роднини во Толјати, па дури и во Москва, кои верувале дека тој во меѓувреме умрел.
Му ветија дека ќе дојдат да го земат, но никогаш не се појавија, ниту пак одговорија на повеќе повици.
Блогерот се обидува да му најде место на Александар во прифатилиште за бездомници, додека несреќниот маж истакнува дека е подготвен да работи за да има нормален живот.