Фотографија од необичното суштество од Австралија кружи на интернет: Има зелена „коса“ и може да дише низ задникот 72 часа (фото/видео)

Желката на реката Мари е едно од најнеобичните суштества кои живеат во австралиските води и е позната по тоа што може да дише низ задниот дел од своето тело цели 72 часа!

Оваа желка се прилагоди на живот под вода откако се одвои од сите други видови на желки пред повеќе од 18 милиони години.

Необична желка од реката Мари во Квинсленд (Австралија), главно се храни со водни растенија, а нејзиното мени понекогаш вклучува семиња, овошје и ларви од инсекти.

Желката на реката Мари има карактеристичен изглед благодарение на својата „панк“ фризура, односно зелените алги кои растат од нејзината глава и тело и и’ помагаат да се камуфлира и да се сокрие од предаторите. Таа, исто така, има две долги, месести испакнатини наречени мрени кои ѝ излегуваат од брадата: тие и’ помагаат да почувствува сè што се случува околу неа.

Покрај необичниот изглед, желката на реката Мари е позната и по една необична карактеристика која и’ служи како „кец во ракавот“, поточно во задникот.

„Желката на реката Мари може да минува денови пливајќи под вода каде што може лесно да дише преку специјализирани органи во нејзината клоака“, вели Рики Гамбс, истражувач во Програмата EDGE of Existence, која се занимава со зачувување на уникатните и запоставени животински видови.

Додека некои слатководни желки ја користат својата кожа за да дишат под вода, клоакалните жлезди и’ дозволуваат на желката на реката Мари да остане потопена подолго време, до 72 часа. Клоакалните жлезди се покриени со папили, благодарение на кои желката добива кислород што влегува во нејзиниот крвоток.

Желката на реката Мари има специфично потекло – ниту една друга желка не е тесно поврзана со неа.

„Тоа е единствениот преживеан вид во неговиот род“, тврди Гамбс, објаснувајќи дека предците на желката на реката Мари се разделиле од сите други живи од лозата на желки пред повеќе од 18 милиони години, неколку милиони години пред да се разминат нашите предци и орангутанот.

И покрај тоа што беше популарно домашно милениче во 1960-тите и 1970-тите, неговата репродукција во дивината беше мистерија за научниците додека конечно не беше пронајдена и формално опишана како вид во 1994 година.