Ален Делон доби старател

Еден од најпознатите француски актери Ален Делон со судска одлука доби старател.

Според странските медиуми, старателот ќе го придружува во извршувањето на бројни задачи во секојдневниот живот, освен најважните, како што е продажбата на недвижен имот, што е функција која е оставена на одредена друга личност од доверба.

Старателот ќе му помогне и на Ален Делон во изборот на лекар кој ќе продолжи да го следи неговото здравје.

Имено, оваа одлука е донесена по бројните меѓусебни обвинувања во јавноста на децата на познатиот актер од почетокот на оваа година, по што реагираа адвокатите на Ален Делон кои побараа тој да биде ставен под судска заштита.

Браќата Антони и Ален Фабијан ја обвинија нивната сестра Анушка дека го запоставува нивниот татко и го искористува, додека Анушка поднесе тужба против браќата за клевета.

Алармот го вклучи и Ироми Ролен, жена која до неодамна беше покрај актерот и која изјави дека животот му е во опасност и дека веќе неколку месеци не ја прима препишаната терапија. Според Ален Фабијан, терапијата што му ја препишале лекарите во Швајцарија била прекината во договор со француските лекари, но Анушка негира дека овој потег бил договорен. Не се знаеше дали Ален Делон може сам да одлучи дали сака да го продолжи лекувањето или не.