– Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на Алијанса за Албанците по седницата на највисокото партиско тело во Тетово.
Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците.
Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерстерски места, за одбрана и за земјоделие.
Претседателот на Алијансата за Албанците за утре најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните минситри.