Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерсот во Индијан Велс.
Тој во полуфиналето за нешто помалку од два часа игра го совлада Италијанецот Јанико Синер со 7:6 (4), 6:3.
Шпанецот во финалето ќе игра против Русинот Данило Медведев, кој во полуфиналето го совлада Американецот Френсис Тиафое со 7:5, 7:6 (7:4).
Медведев во финалето ќе му „игра“ и на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ бидејќи доколку Алкарас ја освои титулата повторно ќе го заземе првото место на АТП листата.
За младиот Шпанец ова ќе биде трето финале на Мастерсот во досегашната кариера, откако претходно ја освои титулата во Мајами, а загуби во финалето во Мадрид.
Првиот сет донесе голема борба меѓу Шпанецот и Италијанецот, а двајцата тенисери по еднаш паднаа на сервис во овој дел од мечот.
Алкарас прв направи брејк во петтиот гем, но Синер брзо одговори. Италијанецот можеше да поведе во сетовите, но во 12. гем не искористи ниту една сет-поен и на крајот првиот сет отиде во тај-брејк.
Моментално вториот тенисер во светот успеа да ја искористи првата сет топка и да го добие овој сет во своја полза, одигра доминантно во тај-брејкот и на противникот му дозволи само четири поени.
Во продолжение Алкарас ја презеде контролата, веднаш на почетокот на вториот сет му го одзеде сервисот на италијанскиот тенисер, што беше доволно за да го добие овој дел од играта во своја корист.
Момчето од Мурсија имаше три брејк топки во шестиот гем за потврда на предноста, но Синер успеа да го продолжи мечот.
Шпанецот беше сигурен во сервис гемовите, не успеа да ја реализира првата меч топка, но сигурен во вториот го закажа финалето во кое го чека Медведев.
Финалето на Индијан Велс се игра ноќта помеѓу недела и понеделник.