Алтернатива одлучува дали ќе остане дел од Владата

Алтернатива денеска ќе одлучи дали ќе биде дел од владиното мнозинство. Од партијата велат дека по завршувањето на Централното собрание,  ќе се знае иднината околу нивното учество во Владата.

Одлуката на Алтернатива следува откако премиерот Димитар Ковачевски, до Собранието го достави предлогот за реконструкција на Владата.

Со новите измени, Алијанса за Албанците треба да добие три министерски места додека пак за Алтернатива остана само една позиција. 

Собраниска седница за реконструакција на Владата е закажана за утре.