Ал Каеда призна дека еден од нејзините водачи бил убиен на Арапскиот Полуостров

– Ал Каеда денеска соопшти дека еден од водачите на огранокот на таа терористичка мрежа на Арапскиот Полуостров (АКАП) неодамна бил убиен во напад на американско беспилотно летало во Јемен, пренесе Араб Њуз.

Американската војска на 26 февруари го нападна домот на Хамад бин Хамуд ал Тамими, познат и како Абдел Азиз ал Аднани, во провинцијата Мариб.

Тамими помина речиси четири години во затвор во Саудиска Арабија пред да замине во Јемен во 2013 година. Прво, тој беше идеолошки и медиумски советник на Ал Каеда, а малку подоцна стана еден од лидерите на советот АКАП и судија во рамките на терористичката група.

На 30 јануари, американските беспилотни летала убија тројца оперативци на Ал Каеда, вклучувајќи го и озлогласениот изумител на бомби Хусеин Хадбул.

Експертот за тероризам од Универзитетот Кембриџ, Елизабет Кендал, изјави за Arab News дека смртта на Тамими е голема загуба за Ал Каеда. – Беше талентиран и креативен, беше дел од џихадистичките медиуми, а и судија. Тој водеше медиумски иницијативи, како видео интервју со лидерот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, Калид Батарфи, во ноември 2021 година“ рече Кендал.

Бетрафи сега е единствениот преостанат лидер на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, додава таа.