АМАН Луѓе, ПУШТЕТЕ ГО РОНАЛДО НЕКА УЖИВА! Фердинанд ЗГРМИ поради обвинувањата за фудбалери кои играат во Саудиска Арабија!

Познатиот англиски фудбалер Рио Фердинанд застана на страната на својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо , кој неколкупати беше мета на критики откако кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија.

Во последно време се повеќе фудбалери „бегаат“ од европскиот фудбал и кариерата ја продолжуваат во Саудиска Арабија, а причините за таквиот потег на сите им се добро познати.

Да потсетиме, Кристијано Роналдо на почетокот на годината потпиша договор со Ал Наср, а по неговите стапки потоа решија да тргнат бројни фудбалски асови, а дел од нив се Карим Бензема, Н’Голо Канте, Калиду Кулибали, Рубен Невес.

– Беше одлично да се видат Дејвид Бекам, Вејн Руни, Френк Лампард, Стивен Џерард како играат во Америка. Каков начин да ја завршат кариерата, добиваат огромни пари, и одат во лига која не е конкурентна. Тие го заработија тоа и имаат целосно право да ја продолжат својата кариера каде што сакаат. Тоа го видовме во медиумите. Така велат луѓето, но сега кога некои играчи одат во Саудиска Арабија, тогаш е срамота, тогаш е тажно?“, праша Фердинанд на YouTube каналот „Presents Five“.

Фердинанд разговараше и со Роналдо за кого имаше моќна порака!

– Фудбалерите нека одат каде сакаат и нека живеат. Нека ужива Роналдо. Тоа е авантура, тој го однесе своето семејство на ново место, во нова култура. Не сакам да слушам некој да го критикува. Мислам дека сите треба да се третираат исто“, заклучи Фердинанд.