АМЕРИКАНЕЦ СТАНАЛ РУСИН: Путин му дал руско државјанство на хокеар од САД

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша указ за доделување руско државјанство на американскиот хокеар Бренан Менел .

„Во согласност со ставот „а“ од член 89 од Уставот на Руската Федерација, одлучувам: да му доделам државјанство на Руската Федерација на Менел Бренан Роберт, кој е роден на 24 мај 1997 година во Соединетите Американски Држави. “ се наведува во документот.

Менел пристигна во Русија во 2022 година, каде што стана член на Динамо Москва . Минатата сезона одигра 44 натпревари на кои постигна 24 поени (2+22), со индекс на корисност +11. Бренан одигра шест натпревари во плејофот на Континенталната хокеј лига (КХЛ) и забележа три асистенции.

Менел е роден во Минесота и играше за неколку канадски и американски хокеарски тимови пред да пристигне во Белорусија во 2020 година, каде што играше за Динамо Минск во КХЛ. Една година подоцна, тој беше избран од Торонто Мејпл Лифс на драфтот на НХЛ и ја заврши сезоната со Филаделфија Флаерс.

Во септември минатата година пристигна во Русија и настапуваше за Динамо.