Американската воена поддршка за Израел вредна 320 милиони долари

Американската администрација на 31 октомври доставила декларација до Конгресот на САД, која предвидува испраќање бомби Спајс, прецизна муниција воздух-земја, во Израел

Весникот Вол Стрит Журнал тврди дека Соединетите Американски Држави планираат да испратат прецизно наведувана муниција во Израел во вредност од 320 милиони долари.

Според вестите на ВСЖ, врз основа на слики од официјалната кореспонденција до кои дошле, американската администрација на 31 октомври доставила декларација до Конгресот на САД, која предвидува испраќање бомби Спајс, прецизна муниција воздух-земја, во Израел.

Според кореспонденцијата, како дел од договорот, американскиот производител на оружје „Рафаел УСА“ ќе и пренесе муниција на својата израелска матична компанија Рафаел Адванс Дефенс Системс.

Станува збор за користење, склопување, тестирање и обезбедување други технологии за оружје со вкупна вредност од 320 милиони долари.

„Администрацијата на Џо Бајден ја повикува израелската влада да дозволи хуманитарна пауза во конфликтот, но продажбата и слична итна воена помош за Израел целосно го поткопуваат овој напор“, рече Сет Бајндер, експерт во Институтот за политика за блискоисточна демократија во Вашингтон.

Израел започна воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7. октомври.

Најмалку 10.022 Палестинци, од кои 4.104 деца и 2.641 жени, се убиени во израелските бомбардирања во Појасот Газа.

Според официјалните податоци, бројот на загинати во Израел е речиси 1.600.