Американска ТикТокерка ја разбесни јавноста: Во Македонија ни случајно да не одите, се дереа по мене! Скопје е пекол! (видео)

Лена, тиктокерка од Америка, редовно објавува видеа на социјалните мрежи за нејзините искуства од патувања во различни земји.

Овојпат таа реши да сподели со своите следбеници која според неа е најмалку омилената европска дестинација која ја посетила како Афроамериканка.

Таа ја спомна Македонија, не целата земја, туку конкретно главниот град Скопје.

„Тоа беше едно од најлошите искуства досега. Додека престојував таму, луѓето буквално влетуваа со своите автомобили во мене, се караа со мене на улица , мислев дека ова е навистина премногу, луѓето постојано доаѓаа до мене и мислев дека е во ред, но тоа мора да го запрете“.

„Згора на сè, забележав дека има многу диви таксисти, верувајте ми, не само што наплаќаат повеќе затоа што сум странски турист, туку ми наплатија многу повеќе отколку што можев да платам во мојот роден град Лос Анџелес .”

Лена понатаму наведува дека и’ било многу неподносливо да се вози со македонско такси бидејќи таа имала проблеми со комуникацијата.

„Ако сакате да одите во Македонија, ви препорачувам да одите во друг дел од земјата или да изберете езеро. Охридското езеро е прекрасно, многу ми се допадна, но прескокнете го Скопје! Слушнав и од други жени дека имале слични искуства , значи не, воопшто не Скопје“, заклучи таа.