Американскиот новинар Еван Гершкович, кој минатата недела беше уапсен и обвинет за шпионажа во Русија, преку своите адвокати поднел жалба против одлуката за негов притвор.
Московски суд во четвртокот минатата недела одреди притвор за новинарот од американскиот „Волстрит Џурнал“ до неговото судење на 29 мај, а тој ќе се обиде да ја поништи таа пресуда со жалба.
„Волстрит Џурнал“ минатата недела објави дека „остро ги негира“ обвинувањата за шпионажа против дописникот од Русија, кој беше уапсен од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
– Остро ги отфрламе наводите на ФСБ и бараме итно ослободување на нашиот посветен и доверлив новинар Гершкович. Се содализираме со Еван и неговото семејство, истакна весникот.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков претходно изјави дека прашањето за апсењето на Гершкович е прашање на ФСБ, но оти е очигледно дека го „фатиле на дело“.