Америка го условила Тик Ток: Кинезите мора да го продадат Тик Ток или ќе биде забранет во Америка

Конгресот со големо мнозинство гласаше за одлуката со која објави дека Тик Ток ќе биде забранет во Америка доколку Кинезите не го продадат.

За оваа одлука гласаа 352 конгресмени, само 65 беа против.

Популарната социјална мрежа која објавува кратки видеа наиде на големи критики, пред се во Америка, најмногу поради алгоритам кој, како што многумина ги обвинуваат, функционира така што намерно таргетира одредени корисници со особено чувствителни теми како депресија кај тинејџерите или војната меѓу Израел и Хамас.

Тик Ток, исто така, се најде на удар на критиките за врските со ByteDance, компанија која е под интензивна контрола од американските регулаторни тела.

По усвојувањето на Претставничкиот дом, законот сега се префрла во Сенатот, каде се уште не е јасно како сенаторите ќе одлучуваат за ова прашање. Ситуацијата станува уште поинтересна во светло на изјавата на претседателот Џо Бајден, кој најави дека ќе го потпише законот доколку помине во Сенатот.

Протест против забраната на TikTok

Кинезите: Ова ќе и се врати на Америка

Пред гласањето, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи ги обвини САД за „потиснување на Тик Ток“ и покрај фактот што тие „никогаш не нашле докази дека Тик Ток ја загрозува националната безбедност“.

– Овој вид на малтретирање што не може да победи во фер конкуренција ја нарушува нормалната деловна активност на компаниите, штети на довербата на меѓународните инвеститори во инвестициското опкружување и му штети на нормалниот меѓународен економски и трговски поредок – рече министерот Ванг и додаде:

„На крајот, ова неизбежно ќе и се врати на самите Соединетите Држави.